Дневник, 06.04.2010

 

Правилото дека поголема конкуренција овозможува пониски цени е најочигледно на авиолинија Виена – Белград, каде што цените на повратните билети се од 58 до 98 евраСо доаѓањето на австриската нискотарифна авиокомпанија „Ники“ на белградскиот аеродром, која понуди поволен повратен билет за Виена од 58 евра, и другите два авиопревозника на истата линија се вклучија во борбата за патници. Сега и Аустријан ерлајнс и Јат ервејс продаваат повратни билети од 98,40 и 97 евра со вклучени аеродромски такси, пишува српскиот весник „Блиц“.Наскоро ќе се отворат нови директни линии до дестинации со кои главниот град на Србија долго време на беше поврзан. Од 15 април шпанската авиокомпанија „Спан ер“ ќе лета од аеродромот „Никола Тесла“ до Барселона, а од мај и за Мадрид, исто така по пристапни цени. Повратен билет за Барселона може да се купи за 90 евра, но станува збор за мал број на билети. Затоа, треба да се биде брз и да се резервира билет многу порано од патувањето, пишува во „Блиц“.Оние што ќе немаат среќа да резервираат навреме, веројатно ќе најдат билети за 169,55 евра, кои ги има најмногу. Исто чини и повратен лет за Мадрид.Главниот град на Србија е добро поврзан со германските градови, од каде што е возможно да се патува во многу светски градови. Нискотарифната компанија „Германвингс“ предначи со разумни цени. Повратен билет за Келн чини малку помалку од 60 евра, а за Штутгарт може да се резервира повратно патување за околу 90 евра. Цените на билетите за другите две дестинации во оваа земја, кои српските граѓани најчесто ги користи за транзит кога патуваат во странство, Франкфурт и Минхен, исто така во последно време се се’ подостапни. За овие два града со „Луфтханза“ може да се резервираат повратни летови за помалку од 100 евра со сите такси. Поточно, лет за Франкфурт чини 98,27 евра, а 99,78 за Минхен.Патниците кои одлучуваат да летаат со нискотарифни авиокомпании купуваат авиобилети преку интернет, но треба знаат дека во авионот нема бесплатни услуги. Храната и пијалаците се доплаќаат екстра во авионот. Исто така, овие авиокомпании често ги користат споредните аеродроми или ги користат оние делови на аеродромот каде што инфраструктурата е донекаде ограничена. Таканаречените „лоукост“ авиокомпании не сакаат да ги користат авио-мостовите, а кога станува збор за багаж, тие исто така имаат специфични барања – се прима помалку багаж, а со тоа и услугата е поевтина.Ако пролетва ја обележи доаѓањето на „Спан ер“ на српскиот пазар и ако има отворање на директни линии до шпанските градови, тогаш летово сигурно ќе биде во знак на почетокот на летањето на унгарски „Виз ер“ од Белград. Тоа е нискотарифен превозник, кој од јуни, односно јули, ќе лета за Дортмунд и за Лондон.Добрата вест е дека повратен билет за британската престолнина може да се купи само за 80 евра, но можно е да се резервира и за помала сума. Со оглед на тоа дека ова е нискотарифна компанија, треба што порано да се резервира лет. Ако билетот се резервира неколку дена пред патувањето, цената ќе биде иста со таа на „традиционалните“ авиокомпании.Сепак, интересно е да се спомене дека цените на билетите за линиите за Црна Гора се’ уште се прилично високи. Така, пишува весникот, повратен билет за Тиват и за Подгорица ќе чини околу 134 евра и за летовите на Монтенегро ерлајнс и на Јат ервејс