Вечер, 08.04.2010

 

Трансферот на патниците до аеродромот се врши час и половина порано, со поаѓање од пред претставништвото на Адрија” во центарот на Скопје. Во обратна насока комби-превозот се врши веднаш по завршувањето на пасошката и царинската контрола над патниците и багажот Словенечкиот авиопревозник Адрија ервејс” им излегува во пресрет на своите патници кои немаат превоз до скопскиот аеродром “Александар Велики”. Од вчера компанијата воведе комби-превоз до и од Александар Велики” и тоа за секој од своите летови кон и од нашата земја. Како што вели Момир Рафајлоски, директор на претставништвото на Адрија ервејс” во Скопје, ваквиот комби-превоз компанијата го организира за секој од вкупно 14-те летови, колку што ги има кон и од нашиот главен град. – Адрија ервејс” има секој ден по два лета на релација Љубљана-Скопје и обратно, со полетувања од скопскиот аеродром рано наутро во 5,30 и попладне во 15,50 часот. Притоа, трансферот на патниците до аеродромот се врши час и половина порано, со поаѓање од пред претставништвото на Адрија” во центарот на Скопје. Во обратна насока комби-превозот се врши веднаш по завршувањето на пасошката и царинската контрола над патниците и нивниот багаж – велат од претставништвото на Адрија ервејс”. Со ваквиот превоз е опфатен и вечерниот лет на словенечкиот авиопревозник, чијшто прв авион пристигнува на Александар Велики” во 1,15 по полноќ. Рафајлоски посочува дека патниците мора однапред да си резервираат комби-трансфер, чија цена е пет евра, во денарска противредност, по патник. Овој потег на словенечкиот авиопревозник се очекува да го следат и другите авиокомпании што оперираат на “Александар Велики”. Таквото нешто до пред извесно време беше незамисливо, при што авиопатниците беа препуштени самите на себе и на сопствената организација на превоз до и од скопскиот аеродром. И тоа со свои возила или со такси, при што владее(ше) и невиден хаос со таксистите, кои набиваа превисоки цени на своите услуги и ги дереа патниците (за неупатените ја дигаа цената и до 25 евра), што, пак, за многумина од нив, кои прв пат беа во земјава создаваше многу грда слика, што ја носеа со себе како една од главните импресии од посетата на Македонија. За воведувањето организиран превоз на авиопатниците до и од Александар Велики”, со воспоставување редовна автобуска линија, неодамна расправаше и донесе заклучок и Советот на Град Скопје. Неговата иницијатива за конечно разрешување на ова прашање ја прифати и Јавното сообраќајно претпријатие Скопје”, а во реализацијата на оваа долгогодишна идеја и замисла се вклучува и концесионерот и нов сопственик на македонските аеродроми – турски ТАВ. Скопје е една од ретките, ако не и единствена метропола, која со години нема редовна автобуска линија до своето авиопристаниште. Секаде во светот аеродромите се поврзани со редовни автобуски, железнички, трамвајски или тролејбуски линии, па патувањето е брзо, едноставно и што е најважно, во најголем број случаи и евтино.