А1, 10.04.2010

 

Претседателот Лех Качински не е жив-објавува полската државна телевизија. Рускиот претседател Дмитриј Медведев формираше специјална комисија за утврдување на причините за урнувањето на полскиот авион, соопштува Телевизија Полска. Авионот на полскиот претседател се урна во областа Смоленск-ова е ударна вест на сите руски телевизии од изутринава. Руските медиуми јавуваат дека авионот удрил во дрвја и се запалил. Американската Си-Ен-Ен, пренесува дека полскиот претседател Лех Качински бил во авионот заедно со својата сопруга Марија и дека никој од 132 патници и членови на екипажот не ја преживеал несреќата.„Владата одржа итна седница и прогласивме ден на жалост утре. На 2 минути до пладне утре ќе има едноминутно молчење во време кога ќе бидат погребите“.Полскиот лидер загина во авионска несреќа-јавува Би-Би-Си, додавајќи дека во несреќата загинал и началникот на полската армија, заменик министерот за надворешни работи, гувернерот на централната полска банка, полски пратеници и истакнати историчари.„Авионот е целосно уништен кога удрил на земјата во областа Смоленск во западна Русија. првите индикации се дека авионот удрил во врвовите на дрвјата и се распаднал во воздух“.Полскиот претседател загина кога авионот со 132 патници се урна во услови на густа магла при слетувањето на рускиот аеродром во областа Смоленск-јавува Ројтерс.