Дневник, 12.04.2010

 

Полските весници вчера беа опсипани со стручни анализи и коментари за несреќата. „Газета виборча“ и „Скшидлатеј полски“ се дел од медиумите што пренесуваат мислења на полски експерти.- Тешки временски услови не се никаква несекојдневна ситуација. Секојдневно аеродромите се обвиткни со магла, но до катастрофа не доаѓа бидејќи пилотите знаат кои се минималните временски услови под кои не смее да се слетува – вели пилот на „боинг 737“ од авиокомпанијата ЛОТ.Експертите велат дека причина за катастрофата е сплет на повеќе случувања. – Лошото време не е оправдување – вели еден пилот. Едноставно, ако слетувањето не е можно, се лета на друг аеродром, каде што времето е подобро.Ваква одлука донеле пилотите на авионот со руски функционери, кои исто летале до Смоленск и се вратил на московскиот аеродром Внуково.Од штабот на воздухопловните сили велат дека проверка на авионот била направена и пред полетувањето. Нема одговор на прашањата дали пилотите решиле да слетаат на друг аеродром.Има аеродроми каде што авионите може да слетуваат кога видливоста е нула, благодарение на развиената верзија на системот Инструмент лендинг систем (ИЛС), дури и да има магла на пистата за полетување, но на аеродромот во Смоленск таков систем нема. Се служат со радионавигација од постар тип.- Да претпоставиме дека летале со брзина од 300 км на час во густа магла. Со системот каков што најверојатно имаат во Смоленск, во маглата може да се види осветлена патека каде што авионот треба да се спушти за да слета. Пилотот знае само дека е на оска на патеката за слетување и на каква оддалеченост е од неа, но за соодветно слетување одлучува екипажот. Кога има магла на земјата воопшто нема шанси безбедно да се слета – изјавува еден воен пилот.