Алфа ТВ, 12.04.2010

 

Бугарскиот претседател Георги Прванов одлучи повеќе да не лета со авионите Тупољев-154, со кој загина полскиот претседател Лех Качински, објавија денеска од бугарското Министерство за транспорт.„Летовите на претседателскиот авион се откажани се додека официјално не биде соопштена причината за несреќата на авионот на полскиот претседател Качински“, изјави Атанас Костов, директор на истрагата за патнички несреќи.Руските служби по преслушувањето на црните кутии од полскиот авион, ја исклучија можноста дека станува збор за техничка грешка.Костов, објави дека Бугарија, ќе го продава својот Тупољев-154.