Детали за досегашната истрага
А1, 12.04.2010
Зошто пилотите ги игнорирале контролорите на летање и инсистирале по секоја цена да слетаат на Смоленскиот аеродром и покрај предупредувањата дека временските услови се многу лоши? Одговорот на ова прашање ќе ги објасни причините за авионската несреќа во која загина полскиот претседател Качински.Руските истражни органи денеска ја исклучија можноста авионот да паднал поради технички проблеми. Рускиот Тупољев 154 бил во беспрекорна техничка состојба, изјави за руските медиуми главниот истражител Александер Бастрикин. На технички проблеми не се пожалиле ниту пилотите во комуникацијата со контролната кула. Рускиот премиер кој лично раководи со истрагата веднаш по посетата на местото на несреќата вети брзи одговори за сите прашања.„Ова е трагедија на Полска, но и наша и ние сочувствуваме со вас. Комисијата многу брзо ќе ги утврди причините за несреќата“, вели Владимир Путин.Повеќето експерти веруваат дека причина за падот на авионот е преголемата самоувереност на пилотите, кои по секоја цена сакале да слетаат во Смоленск и да му ја исполнат желбата на својот претседател Качински да се поклони пред масакрираните сограѓани во шумата Катин. Дел не согласуваа со ваквата верзија, тврдејќи дека пилотите владиниот авиони биле професионалци од највисока класа. Поранешниот полски претседател Лех Валенса јавно се посомнева дека пилотите можеби работеле по нечии инструкции.„Ја изгубивме елитата на оваа земја оваа трагедија е слична на масакрот во Катин, тогаш бевме обезглавени, сега неочекувано повторно изгубивме големи луѓе и ќе биде многу тешко да ги замениме“, изјави Лех Валенса.Според дел од теориите на заговор, за падот на авионот се обвинува Русија. Качински беше проамерикански настроен, ја нервираше руската елита со намерата во Полска да се инсталира антиракетен штит и особено поранешната КГБ со неговото инсистирање Русија да се извини за масакрот кај Катин, кој го направиле токму припадниците на тајната руска служба. Вистината ќе ја дадат црните кутии чија анализа е веќе почната.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк