Затоа што украл седум тони керозин од цистерни – Александар Велики остана без шеф на обезбедување
Вечер, 12.04.2010
Од вентилите лоцирани под цистерните во канти источувале различна количина на гориво. Со возилата кои ги користело обезбедувањето, керозинот успевале да го изнесат надвор од аеродромот. Горивото подоцна го препродавале Д.М. (50) шеф на обезбедувањето на аеродромот “Александар Велики” и Б.Н. (42) вработен како контролор во мониторинг-центарот завршија зад решетки. Седум тони керозин успеале да украдат од аеродромските цистерни. Од јануари годинава до четвртокот неколкупати во текот на работното време од паркираните цистерни си точеле керозин. Ноќта на осми април успеале од цистерните да извадат 170 литри. Горивото го краделе во ноќните часови кога на пистата немало слетувања и полетувања на авиони, во периодот кога техничкиот персонал бил во работните простории. Двајцата паметно си ја вршеле работата. Од вентилите лоцирани под цистерните во канти источувале различна количина на гориво. Со возилата кои ги користело обезбедувањето, керозинот успевале да го изнесат надвор од аеродромот. Горивото подоцна го препродавале. Ноќта на осми април, полицијата на дело ги фатила крадците. Биле пронајдени пластичните канти, а во возилата во кои го пренесувале горивото пронајдени се траги од млазното гориво. Штетата која двајцата со кражбите на гориво ја нанеле на Макпетрол е 318.459 денари. Доказите до кои дошла полицијата предадени се на вештачење. СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство, за Д.М. и Б.Н. поднесе крививични пријави со кои двајцата се сомничат дека во соизвршителство ја злоупотребиле службената положба и овластување. По распитот пред истражен судија одредена им е мерка осумдневен притвор.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк