Пилотот мораше да се откаже од слетувањето
Вечер, 12.04.2010
Доколку се покаже дека пилотот на полскиот претседателски авион по четвртипат тргнал во процедурата на слетувањето наспроти предупредувањата на контролата на летање, тогаш тој сериозно ги прекршил воздухопловните правила, сметаат македонските авиоексперти.Правилата за слетувања во ситуации кога постојат лоши метеоролошки услови се јасни – нема приземјување се’ додека не се исполнат минимални услови за видливоста и висината на облачноста. Такви стандарди постојат за секој аеродром.- Поедноставно кажано, тоа значи дека при почнатата процедура на слетување пилотот треба да дојде до определена точка, најчесто оддалечена 2-3 километри од аеродромот и од која тој визуелно мора да ја види пистата. Доколку не ја гледа, тогаш мора да се откаже, да го крене авионот во воздух, горе да чека нова можност или да одлета кон друг аеродром за да слета – вели Николет Тагарински, извршен директор на секторот за воздухопловна навигација во МНАВ.Според него, едно од основните правила во авијацијата е дека одлуката на капетанот на авионот е последна. Но, при ова, екипажот е должен да носи одлуки согласно на метео-условите на локалниот аеродром и на инструкциите на контролата на летањето.- Секако дека е невообичаено екипажот по четвртипат да се обиде да слета на пистата. При последниот обид пилотот сигурно дека добивал предупредувачки сигнали дека е блиску до земјата. Клучно во овој случај е зошто пилотот благовремено не го кренал авионот нагоре и не се откажал од слетувањето кога веќе не можел да ја види пистата – вели Тагарински.Сотир Костов, претседател на Државната комисија за испитување на несреќи и сериозни инциденти во воздухопловство, смета дека ако на крајот излезе дека екипажот не го прифатил укажувањето на контролорите, тогаш постапил несфатливо.- Зачудувачка е таква постапка. Постојат јасни правила за летање и за слетување и сосема е неприфатливо трипати да се обидете да слетате и пак да го направите тоа – потенцира Костов.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк