Вечер, 12.04.2010

 

Јарослав Качински, помладиот брат близнак, вчера го идентификуваше телото на Лех Качински и неговата сопруга Марија. Тој во саботата вечерта пристигнал во Смоленск и ја извршил идентификацијата на трагично загинатиот полски претседател Лех, чие тело беше префрлено директно во Варшава Екипи од Истражниот комитет на руското обвинителство заедно со експерти од авијацијата ги анализираат содржините на црните кутии и остатоците од полскиот претседателски авион Ту-154 М кој во саботата се урна во обид да слета крај Смоленск, во Северна Русија. Според портпаролот на Комитетот, Владимир Маркин, се прегледуваат и записите од разговорите на екипажот со контролорите на лет. Во кобната несреќа загина полскиот претседател Лех Качински, неговата сопруга Марија Качинска членови на полската делегација како и сите останати патници во авионот. Вкупниот биланс на жртви изнесува 95 луѓе, од кои 88 членови на полската делегација. Јарослав Качински помладиот брат близнак вчера го идентификуваше телото на Лех Качински и неговата сопруга Марија. Тој во саботата вечерта пристигнал во Смоленск и ја извршил идентификацијата на трагично загинатиот полски претседател Лех, чие тело беше префрлено директно во Варшава. Останатите тела се префрлат во Москва каде што членови на нивните семејства ќе треба да ги идентификуваат пред да бидат вратени во Полска.Според руското Министерство за вонредни ситуации во операциите по авионската несреќа учествувале 882 луѓе со 124 единици техника. Според првичните информации до несреќата дошло поради лошите врменски услови, човечки фактор и дефект на авионот кој бил стар најмалку 20 години. Иако екипажот се обидел да го крене авионот повторно во воздух не успеал при што се судриле со високите дрвја во околината на аеродромот. После овој удар авионот се запалил и експлодирал во воздух. Од силната детонација делови од воздухопловот се пронајдени дури на периферијата на Смовенск. Авионот Ту 154 М со 96 патници и членови на екипажот се сруши после четвртиот неуспешен обид за слетување на аеродромот Северни кај Смоленск. Претходно пилотот бил советуван од контролите на летање од Белорусија и Русија дека поради густата магла и слабата видливост подобро е авионот да се пренасочи кон Минск или Москва. Но и покрај тоа, одлуката на екипажот била да слетаат на аеродромот Северни. Некои агенции ги објавија трите катастрофални грешки кои биле направени, почнувајќи од организацијата на летот, до кобниот момент. Општо е познато правилото дека во ист авион никогаш истовремено не патуваат повеќе водечки политичари на некоја земја, пред се поради можноста за несреќи и десетекување на раководството на државата. Тоа правило, оние кои го планирале патувањето на полскиот претседател воопшто не го почитувале. Како второ користен е авион кој е релативно технолошки стар, а тој тип на воздухоплов во последните десетина години имал многу удари и катастрофи. Се работи за млазен тромоторец со три мотори од типот Соловиев Д – 30 КУ со максимална брзина од 950 километри на час. Електронската опрема на авионот е стандардна: радар, автопилот, трострук инерцијален навигаторски систем, безбедносен систем кој им сигнализира на пилотите при приближување на земја. Полска поседувала два авиона од овој тип со броеви 101 и 102. Според првичните информации страдал авионот со број 101. Зошто претседателот Качински патувал со тој авион чии ресурси не биле идеални е навистина чудно. Зошто пилотите не ги послушале советите на воздухопловните власти на Русија и Белорусија да не слетуваат на тој аеродром? Екипажот на полскиот авион морал да знае за какви метеоуслови е опремен аеродромот. Дали со полскиот авион пилотирале воени пилоти кој најчесто го возат, претседателот, премиерот и министерот за одбрана или пак се работи за пилоти од цивилната компанија Лот? Тоа се најмалку три кобни грешки за трагичниот лет на авионот ТУ-154 М.Рускиот претседател Дмитриј Медведев оформи посебен одбор за истрага за причините за несреќата во Смоленск. Тимот го раководи лично премиерот Владимир Путин, а рускиот државен обвинител, Јуриј Чајка ќе раководи со теренската истрага. Полските власти неодамна ја разгледувале можноста да се заменат старите авиони со кои се возат државните функционери со нови, но од таа идеја се откажале поради недостиг на средства.Загинаа Лех и Марија Качински и останатите 94 патнициАвионот кој во саботата се сруши летал на релација Варшава кон Смоленск, а полската делегација требала да присуствува на церемонијата за оддавање почит кон 22.000 полски заробеници кои биле стрелани од Црвената армија во 1940 година. Во авионот на претседателот се наоѓала и неговата сопруга Марија Качински. Братот близнак Јарослав Качински во последен момент се откажал од патувањето во Русија. Помеѓу патниците се наоѓале и потпретседателот на полскиот парламент Јежи Шмајчински, претседателот на Институтот за народна историја Јануш Куртика, гувернерот на Централната банка Славомир Скишпек, бискупи на Католичката црква, началникот на Генералштабот на полската армија,Францишек Гагор, заменик шефот на дипломатија Анджеј Кремер, најмалку двајца советници на претседателот, други високи функционери и членови на семејствата на убиените Полјаци во Катинска Шума. Загинале сите 96 патници и членови на екипажот. Новинарите од Полска кои заминале во Русија за да известуваат од настанот, слетале со претходен лет. Почна како палаво дете, замина како претседателЛех и Јарослав Качински се родени во јуни 1949 година, а во полската јавност се познати како палавите деца од ТВ_серијата “Двојката која ја ограби Месечината” снимена во 1962 година. Браќата Качински во тоа време биле деца-ѕвезди, а серијата била многу популарна. На политичката сцена стануваат познати на првите демократски избори во Полска 1990 година, кога застануваат зад водечката сила во тоа време херојот на синдикалното движење “Солидарност”, Лех Валенса. Политичката кариера на Лех Качински продолжува како министер за правда во Владата на Јиржи Бузек. Тој во 2002 година е избран за градоначалник на Варшава, а по успешниот мандат, а во 2005 година станува претседател на Полска. Лех неговиот брат близнак Јарослав го именува за премиер. Качински важеше за контроверзен политичар. Веројатно јавноста ќе го памети по судирот кој браќата Качински го имаа со германската канцеларка Ангела Меркел, кога Полјаците го отфрлаа предлогот според кој Германија требаше да добие повеќе гласови во ЕУ поради својата големина и бројот на жители и бараа помалите земји да добијат поголемо влијание. Јарослав Качински, изјави дека Полска има помалку жители од Германија и оттаму помалку гласови во ЕУ, затоа што Германците убиле многу Полјаци за време на Втората светска војна.Миса за загинатите и книга на жалоста во СкопјеВо Полската амбасада во Македонија е отворена книга на жалоста. Сите граѓани кои сакаат да се потпишат имаат можност тоа да го сторат секој ден до 16 април.Во саботата во Католичката црква беше одржана Миса со цел да се испрати последен поздрав до жртвите на авионската. Да му изразат сочувство на полскиот амбасадор дојдоа и огромен дел од македонските парламентарци од власта, од опозицијата, дипломатијата и амбасадорите овде во земјава и скоро целиот македонски државен врв. Присутни беа министерот за надворешни работи Антонио Милошовски, претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Никола Груевски.”Сакам во мое и во име на сите граѓани да изразам најдлабоко сочувство на полскиот народ до семејството на мојот личен пријател претседателот Качински, до семејствата на трагично настраданите. Во овие мигови на длабока тага нашите срца и мисли се со пријателскиот полски народ”, изјави Ѓорѓе Иванов.Сочуство на полскиот дипломат во земјава му изразија и голем број на амбасадори меѓу кои и амбасадорот на Русија, Владимир Солоцински. Еднонеделна жалост во ПолскаВо Полска владее траорна атмосфера. Знамињата се на половина копје, а граѓаните палат свеќи за жртвите во невидената авионска несреќа. По куќите, канцелариите, по јавни установи се ставаат веќе знамиња со црни знакови. Полска е во еднонедела национална жалост. Рускиот претседател Дмитриј Медведев го прогласи 12 април за Ден на жалост во Русија. Во саботата вечер во Варшава беше одржана вонредна седница на полската Влада на која претседателот на полскиот парламент Сејм Броњислав Коморовски согласно државниот Устав е именуван за вршител на должноста до изборот на нов претседател. Според полскиот Устав датумот за предвремени избори мора да биде објавен за две седмици. Експертите сметаат дека авионската несреќа ќе предизвика долгорочни политички последици со можност целосно да се измени изгледот на полската политичка сцена. Качински беше пријател на МакедонијаКачински имаше принципиелен став кон македонското прашање. За него спорот со името со јужниот сосед беше вештачки и даваше силна поддршка за евроатлантските аспирации на Македонија. Во една ситуација изјави дека не се во состојба да разберат зошто нивните пријатели, Грците, не сакаат да го признаат уставното име на Македонија. Качински кон крајот на минатата година испрати писмо до македонскиот претседател, Ѓорѓе Иванов во кое посочи дека напорите на Македонија за преближување кон ЕУ треба да бидат наградени со одлука за отпочнување на преговори. Несреќи во кои загинале високи државнициАвионската несреќа во која животот го избуги претседателот Лех Качински и неколку државни фунцкионери на Полска е прва авионска несрќа во последните пет години во која жртви биле државници, но е само една во низата несреќи од 1961 па наваму.На 18 септември 1961 година при пад на авион на границата на Конгоангската провинција Катанга и северна Родезија денешна Замбија загина генералниот секретар на ОН, Швеѓанецот Даг Хамаршелд. На 4 декември 1980 година португалскиот премиер Франсиско Са Карнеиро и министерот за одбрана Аделињо Амаро Да Коста го изгубија животот. На 21 март 1981 година еквадоријанскиот претседател Хајме Агилера загина во авионска несреќа во провинцијата Лоха, на 31 јули 1981 година претседателот и шеф на воените хунти на Панама Омар Торихос загинал при пад на негоивот авион во близина на градот Панама. На 19 октомври 1986 година претседателот на Мозамбик Самора Машел загина при пад на авион на границата кон Јужна Африка, а постојат сомневања дека се работи за атентат. На 17 август 1988 година претседателот на Пакистан Зиа Ул Хаг го изгубил животот во експлозија на воениот авион до типот Ц 130. На 23 февруари 1986 година австрискиот министер за социјални прашања Ауфред Далингер загина во авионска несреќа на австриско-швајцарската граница. На 6 април 1994 година животот го изгубија претседателите на Руанда и Бурундија Јувенал Хабијаримана и Сипријен Нтаријамира бидејќи нивниот авион беше соборен во близина на Кигалија.На 3 април 1996 година американскиот министер за трговија Рон Браун загина во авионска несреќа кај Дубровник, на 17 октомври 2000 година гувернерот на американскат држава Мисури, Мел Карнахан го изгуби животот при хаварија на приватниот авион во близина на градот Сент Луис на 26 февруари 2004 година македонскиот претседател Борис Трајковски загина при пад на авионот во близина на Мостар а на 30 јули 2005 година потпреседателот на Судан Џон Гаранг загина при пад на хеликотепр на југот од неговата земја.