Авионот на Качински можеби крие доверливи информации
МРТ, 13.04.2010
Во Полска стравуваат дека во остатоците од авионот на претседателот Лех Качински, што во саботата се урна кај Смоленск, можеби се кријат податоци што се воена и државна тајна. Во авионот беа и началникот на Генералштабот на полската армија и командантите на авијацијата, копнените сили, морнарицата, специјалните сили и Варшавскиот гарнизон. “Не знаеме што носеле во авионот и дали имало некои информации, што се доверливи“ – изјавил неименуван претставник на полската Агенција за државна безбедност. Полските разузнавачки служби стравуваат дека како што е прекршено правилото дека толку високи претставници на една државна управа, не смеат да бидат во ист авион, можно е тие со себе да носеле преносни компјутери, но и “паметни телефони“ за шифрирани разговори. Доколку ваквите податоци би дошле во несакани раце можат да бидат ризик и за некои доверливи податоци за НАТО. Полските експерти ги вадат сите предмети од остатоците од авионот, а потоа без копирање ги предаваат на анализа во Варшава. “Во авионот не би требало да се најдат носачи на информации со доверливи податоци. Тоа беше само пригодна посета и не планираа никакви официјални средби. Секој има безбедносна лозинка и знае како да постапува со доверливи информации.Никако не можат да се уфрлат во лаптопите и да се носат на пат“, изјави поранешниот шеф на Службата за обезбедување на полските претставници, генерал Мирослав Гавор. Според претставниците на државното обезбедување, Русите без проблеми би можеле да дојдат до овие податоци, но се сомневаат дека тие би ја искористиле оваа трагедија за свои цели. Во Полска многу се цени тоа што Русија максимално им излезе во пресрет на полските органи во истрагата и грижата за семејствата на жртвите, далеку над границите на меѓународните обичаи.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк