Нетпрес, 14.04.2010

 

Најмалку дваесет биле повредени при принудно слетување на индонезиски авион. Леталото со повеќе од 100 луѓе во него излетало од пистата на аеродромот во покраината Западна Папуа.

Според пишувањето на медиумите авионот “Боинг 737-300“ во сопственост на “Мерпати Ерлејнс“ со носот заринкал во река на 250 метри од аеродромот Маноквари, изјавил портпаролот на министерството за сообраќај Бамбанг Ерван. Во несреќата 20 патници се здобиле со повреди и биле хоспитализирани. Немало вести за евентуални жртви.

Локалните медиуми известиле дека несреќата се случила по пороен дожд.