Македонски компании ќе ги градат аеродромите
Дневник, 14.04.2010
Македонски компании ќе бидат вклучени во изградбата на аеродромот во Скопје, а останува ТАВ да одлучи кои компании ќе ги вршат градежните работи, соопшти министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.- Во најголем дел македонски компании ќе го понесат товарот за изградба на македонските аеродроми. Тоа за мене е најбитно затоа што македонски работници ќе го изградат аеродромот, а само технички лица од Турција ќе вршат надзор на градбата – појасни Јанакиески.Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, во оваа пригода ја повика Владата да размисли за продолжување на рокот за намалување на ДДВ-то од 5 отсто, кој завршува во 2011 година во декември. Според него, барањето доаѓа затоа што, подвлече, ова е носечка гранка во Македонија и ги поттикнува и другите инвестициски и економски активности на компаниите и е од интерес на сите таквиот тренд да продолжи. На повикот, министерот Јанакиески потсети дека таквото барање пристигнало во периодот кога се формирале четвртиот пакет антикризни мерки.- Постојано ја следиме ситуацијата. Владата ќе го разгледа ова прашање и ќе донесе став – рече министерот за транспорт и врски.На новинарско прашање дали Стопанската комора смета дека е потребен ребаланс на буџетот, Азески посочи дека оценуваат оти засега не е потребен ребаланс, треба да се почекаат шестмесечните резултати, а после да се разговара.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк