Нетпрес, 14.04.2010

 

Најмалку пет лица загинаа кога товарен авион се урна ноќеска во близина на северниот мексикански град Монтереј, јавуваат мексиканските електронски медиуми. Авионот се урнал во близина на автопатот кој води кон аеродромот, во несреќата загинале две лица во авионот и три на земја, пренесува Ројтерс повикувајќи се мексиканските медиуми Како што пренесува Ројтерс никој од официјалните лица не можел да го потврди точниот број на загинати во оваа авионска несреќа. Мексиканските сили за безбедност ја блокирале ова област, а пожарникарите го локализирале пожарот кој избувнал.