Вечер, 14.04.2010

 

Владата на Република Српска располага со авион “цесна 525” чија вредност се проценува на речиси пет милиони американски долари и кој спаѓа во категоријата најсовремени модели за ВИП-летови Претседателот на Србија, премиерот и највисоките функционери за државните посети во странство на располагање имаат авион од типот “фалкон 50” стар речиси 30 години, кој веќе имаше неколку сериозни дефекти, а блиндираното возило на шефот на државата е старо 11 години. Владата на Република Српска располага со авион “цесна 525” чија вредност се проценува на речиси пет милиони американски долари и кој спаѓа во категоријата најсовремени модели за ВИП-летови. Купен е пред помалку од две години. Премиерот Милорад Додиќ на располагање има и блиндирана “ланча”. Според белградски Танјуг државниот врв на Хрватска може да смета на луксузниот “челинџер ЦЛ 612”, чија цена изнесува околу 18 милиони долари. Кога станува збор за возила, блиндирани возила користат и претседателот и премиерот. Набавувањето на возила, без разлика дали за официјални претставници или за одделни министерства, пред се за МВР се врши на неколку години. Претседателот на располагање има три од вкупно седумте возила кои за околу 900.000 евра ги купи хрватското Министерство за одбрана пред две години. Еден од автомобилите е блиндиран теренец “мерцедес Г500 Л” а преостанатите два се “обични” мерцедеси-теренци. Претседателот Иво Јосиповиќ имаше прилично жестока расправа со МВР за прашањето за своето обезбедување, бидејќи во тоа Министерство не се согласија околу составот на телохранителите, но и возилата кои ги користи. Јосиповиќ инсистира на што помало обезбедување, што наведе некои медиуми да напишат дека користи возило кое не е блиндирано и тоа без придружба со само еден телохранител. Премиерот Јадранка Косор користи блиндирано возило, секогаш со два автомобила во придружба. Кога станува збор за Австрија, податоците за превозните средства кои ги корисат канцеларот Вернер Фајман и претседателот Хајнц Фишер и мерките за безбедност кои се преземаат во текот на патувањето главно не им се познати на јавноста. Во случај на патување со авион на политичарите им се на располагање владини мали авиони, чиј број не и е познат на јавноста, а ако станува збор за поголема делегација – се изнајмува авион од националната авиокомпанија. Канцеларот кој до неодамна, додека не беше цел на напад од личност со психичко нарушување, главно се движеше без обезбедување, патува со службен автомобил, но службите за безбедност не сакаат да откријат дали возилото е блиндирано или не. Истото важи и за претседателот. Црногорски криминалец планирал убиство на ТадиќНаркокартелот на црногорскиот криминалец Дарко Шариќ, по кого црногорската и српската полиција трагаат неколку недели, планирал да го убие српскиот претседател Борис Тадиќ, а за таа цел ангажирал и платени убијци, објави српскиот весник “Блиц”. Според натписот Шариќ им дал налог на платениците внимателно да следат и собираат податоци за навиките и движењето не само на Тадиќ, туку и на специјалниот обвинител за организиран криминал Миљко Радисављевиќ, министерката за правосудство Снежана Маловиќ и државниот секретар Слободан Хомен, но и некои лица од врвот на српската полиција и Безбедносно-информативната агенција. Сите овие лица се вклучени во истрагата против наркокартелот на Шариќ и во полициската акција “Балкански воин”, наменета за разбивање на картелот. По започнувањето на акцијата на Шариќ му се губи секаква трага од Црна Гора. Главен мотив за планот на Шариќ за ликвидација на споменатите лица била желбата за одмазда за уништениот бизнис, а “босот” користел некои локални весници од регионот за објавување текстови кои содржеле шифрирани пораки.Државниот секретар Слободан Хомен вели дека посебно е индикативно што заканите се упатуваат кон претседателот на Србија Борис Тадиќ, кој според размислувањата на криминалците, е главен носител на борбата против организираниот криминал.#