Нетпрес, 14.04.2010

 

Црна Гора на српската војска ќе и даде шест авиони од типот “Галеб Г-4”, кои останале во таа држава по распадот на поранешната државна заедница на Србија и Црна Гора, изјавил српскиот министер за одбрана Драган Шутановац. Тој изјавил за новинарите на белградскиот аеродром “Батајница” по потпишувањето на договорот за споделување на средства и документација со црногорскиот колега Боро Вучиниќ, дека Србија ќе и даде на оваа земја за возврат одреден број на акции во компанијата “Нови Првоборац” во Херцег Нови.