Вулканска прашина го затвори авиосообраќајот ширум Британија
Алфа ТВ, 15.04.2010
Воздушниот патнички сообраќај во Велика Британија од утрово е целосно нарушен, откако над Британските Острови се надвисна голем облак од прав ослободи по вчерашната вулканска ерупција на Исланд.
Како што јави дописникот на МИА од Лондон, сите летови од и кон Шкотска се веќе откажани, а аеродромите во Глазгов, Единбург и Абердин се практично без патници.Затворање на сообраќајот се очекува наскоро и на аеродромот во Белфаст во Северна Ирска, додека големи нарушувања во летовите се очекува и на аеродромите во Њукасл, Ливерпул, Манчестер, Бирмингем и лондонски „Станстед“, кој е лоциран североисточно од британскиот главен град.
Проблеми во редот на летањата има најмногу со авионите кон треба да тргнат или да пристигнат од САД и северните делови на Америка, но поради стравувањето дека проблемите што ги предизвикува вулканскиот облек полн со прав од Исланд, може да ги зафати и најголемите лондонски аеродроми „Хитроу“ и „Гетвик“, британските авионски власти денеска ги советуваат сите патници да проверат каква е состојбата со нивната компанија, пред да тргнат од дома кон аердромите, за да не се создава непотребна турканица.
Локалните власти во Шкотска, како и во Северна Ирска, соопштија дека нема да има авионски сообраќај барем до попладневните часови, додека кризата во редот на летањето во јужниот дел на Британија се очекува од по пладне.Авионски експерти објаснуваат дека нема претерување во одлуката да се затворат аеродромите и да се приземјат авионите, затоа што влетувањето на леталата во вулканскиот облак не само што создава проблеми со видливоста, туку може да предивика дефект во работата на моторите, кои може ја вшумкаат содржината на облакот.Во 1982 година еден џамбо-џет на „Бритиш Ервејз“, без да знае што се случува, влетал во ваков облак во реонот на Исланд, по што сите негови четири мотори запиреле со работата. Сите веднаш потоа се повторно покренати и авионот успеал да стигне до својата крајна дестинација во САД, но со оштетувања на леталото.Во 1989 со такво искуство се соочил и авионот на холандската компанија КЛМ, па морало да бидат рестартирани сите мотори, за да може леталото безбедното да продолжи со летот.Но, експертите објаснуваат дека станува збор за опасна операција, па дека е подобро да не се ризикува и да се чека облакот да ја помине Велика Британија.
Метеоролозите и вулканолозите во Исланд за Би-Би-Си изјавија дека може да поминат и неколку денови до целосно смирување на ситуацијата.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк