Затруени работници на аеродромот Александар Велики
Алфа ТВ, 15.04.2010
Триесетина вработени на аеродромот Александар Велики се затруле со храна. Поголем дел од нив помош побарале во амбулантата на аеродромот. Седуммина завршиле на Инфективната клиника, но биле пуштени на домашно лекување. Се пожалиле на повраќање, дијареја и грчеви во стомакот, тврдат за АЛФА вработени на аеродромот.Се уште не е утврдено дали аеродромските работници се затруле од сендивичите во ланч пакетите или од некое зготвено јадење кое им се дава како исхрана во работно време. Тоа најверојатно ќе го утврди санитарната инспекција, која неофицијално утрината вршела проверки низ просториите на аеродромот. Фокусот е ставен на салатата од макарони која била на менито за исхрана на вработените.Раководството на ТАВ не соопшти став околу случајот со вработените. Некои од затруените не се појавиле на работните места. Денеска на Александар Велики беше тешко да се обезбедат информации за труењето на вработените.Синдикалниот лидер Марјан Илиевски за АЛФА потврди дека имало труење со храна. “Ке побарам средба со раководството за да дознаеме што се случило за да не се повтори“ – изјавиИлиевски. За сега нема информации дали неисправната храна завршила во некои авиони. На аеродромските работници им следува по еден оброк за 8 часа работа. И на вработените не им е јасно како се затруле затоа што откако ТАВ го презеде аеродромот хигиената е зголемена.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк