МРТ, 15.04.2010

 

Под остатоците на полскиот претседателски авион Тупољев 154 кој во сабота се сруши во Смоленск, истражните органи пронашле повеќе делови од тела на загинатите патници. Нивната идентификација, како што велат истражните органи, ќе биде многу тешка. Погледот на местото на несреќата е стравичен, парчиња од срушениот авион помешани со делови од телата на загинатите патници и нивни расфрлани предмети, пренесуваат медиумите. Досега се идентификувани се 56 од 97 загинати. Идентификацијата на телата би можела да потрае до средината на следната недела. Откако во неделата во Варшава пристигна ковчегот со телото на загинатиот полски претседател Лех Качински, денеска ќе бидат испратени и останатите тела.