Алфа ТВ, 16.04.2010

 

Поголемиот дел од британскиот воздушен простор ќе остане затворен до денеска во 18 часот по Гринич поради опасноста што ја создаваат облаците вулкански пепел кои доаѓаат од Исланд, соопшти британската служба за контрола на воздушниот сообраќај.

До синоќа се сметаше дека ограничувањата ќе важат до денеска на пладне.Можно е да бидат дозволени некои летови од Северна Ирска и шкотските Западни острови, од Глазгов, Единбург и Прествик.Утрово ќе биде нправена најнова проценка на ситуацијата.

Поради вулканската активност на Исланд вчера беше прекинат воздушниот сообраќај над северена и некои делови од Западна Европа. Затворен беше и воздушнот простор над Северна Полска.