А1, 16.04.2010

 

Засега се откажани три летови од Аеродромот Александар Велики во Скопје, најавени за денеска попладне, поради густиот облак вулканска прашина од Исланд.

Според аеродромските информации откажани се слетувањата и полетувањата за Прага на авиокомпанијата ЧСА, за Будимпешта на Малев и за Брисел на домашната авиокомпанија Ерлифт сервис.Се очекува денеска да бидат реализирани летовите за Истанбул, Виена, Љубљана и Загреб.

Ерупцијата на вулканот на Исланд кој исфрла огромни количества на прашина и пепел, предизвика голем облак, што се движи над Европа.Вулканскиот облак предизвика најголеми проблеми и најмногу откажувања на летови во историјата на европското воздухопловство.Според Еуроконтрол денеска ќе бидат откажани 60 отсто од сите летови по Европа, односно околу 17 илјади.

Претпладнето од планираните 300 прекуокеански летови, реализирани биле одвај третина.