Полските пилоти знаеле дека летаат во смрт
Дневник, 16.04.2010
Пилотите на полскиот државен авион знаеле дека „туполевот“ со претседателот Лех Качински и другите високи функционери ќе падне пред да стаса до пистата во Смоленск, покажуваат информациите собрани од анализата на црните кутии.- Екипажот беше свесен дека катастрофата е неизбежна, зашто авионот се затресол кога крилата удриле во крошните на дрвјата – изјави полскиот државен обвинител Анджеј Серемет.
Воениот обвинител Жбигњев Жепа додаде дека биле драматични последните секунди од снимените разговори во кабината, но не кажа детали од разговорот. Една од трите црни кутии веќе е испратена во Варшава, а другите две се’ уште се на испитувања во Москва.Полскиот главен воен обвинител Кжиштоф Парулски ги оцени како шпекулација, но не ги отфрли сосема руските извештаи дека претседателот или некој друг висок функционер вршел притисок врз екипажот да слетаат на воениот аеродром во Смоленск, иако од Контролната кула добиле предупредување да го пренасочат авионот кон Минск или кон Москва поради лошите временски услови.
Парулски изјави дека се’ уште е рано да се донесуваат заклучоци, зашто истрагата е во тек.Полскиот претседател Лех Качински, првата дама Марија Качинска и уште 94 високи функционери и членови на екипажот загинаа при уривањето на авионот кај Смоленск.
Полската делегација патуваше во Русија за да положи цвеќе на гробницата во шумата Катин кај Смоленск на 70-годишнината од масакрот на илјадници полски воени заробеници.Идентификувани и испратени во Полска се телата на 37 од 96-те жртви, а другите се’ уште се на идентификација во Москва. Први во Варшава беа испратени посмртните останки на претседателот и на првата дама и веќе неколку дена нивните ковчези се изложени во претседателската палата. И иако пред ковчезите се поклонија илјадници Полјаци, кои чекаат во долги редови, Јадвига Качинска, мајката на загинатиот претседател, се’ уште не знае дека го изгубила својот син. Осумдесетгодишната жена уште пред несреќата беше згрижена во болница во Варшава поради сериозни проблеми со срцето. Лекарите препорачале се’ уште да не и’ кажуваат за смртта на синот, зашто шокот може да биде кобен за неа.Јадвига, сепак, со својата болест го спасила другиот син, Јарослав Качински, идентичен близнак на претседателот Лех. И Јарослав требало да биде во авионот за Русија, но во последен момент го откажал патувањето за да биде покрај болната мајка. Јарослав се’ уште секојдневно ја посетува мајка си и останува долго покрај неа.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк