Пепелта од исландскиот вулкан се насочува кон југ, четврти ден застој во воздушниот сообраќај
Алфа ТВ, 18.04.2010
Облакот со пепел од исландскиот вулкан, се насочува кон југот на Европа, предизвикувајќи застој во еврпскиот воздушен сообраќај веќе четврти ден.Дестици илјади лица останаа заглавени на аеродромите ширум светот, поради затворањето на воздушниот простор над речиси сите европски држави.Утрово остануваат затвотени воздушните пространства над неколку европски држави. Во Австрија, Белгија, Данска, Ирска и Холандија, летовите се забранети најмалку до 14 часот по средно европско време. Воздушниот простор над Велика Британија, Германија и северниот дел на Италија ќе биде затворен до 20 часот, додека во Франција до утре до осум часот.Во Скандинавија се откажани сите летови за овој викенд, а воздушниот простор ќе остане затворен најрано до 17 часот, а затворени се и сите аеродроми во Украина.Во Русија аеродромите се отворени, но сите летови кон европските земји се откажани, додека во Белорусија се дозволени летови само во зоната на височина од седум до 11 километри.Затворени се воздушните пространства и над дел од Босна и Херцеговина, како и над Словенија, Србија, Романија, Хрватска и Црна Гора.Забраната за летови во воздушниот простор над Чешката Република која трае од петокот, ќе продолжи да важи и денеска до 12 часот. Како што јави дописникот на МИА од чешкиот главен град, од петокот се откажани сите редовни летови кои се остваруваат од чешките аеродроми во Прага, Острава, Брно и Карлови Вари.
За патниците кои останаа „заробени“ на аеродромот во Прага е организирана специјална бесплатна екскурзија до транзитната зона на вториот Терминал и обиколка на најмодерната чешка авио техника, меѓу кои и авионите Боинг 737 и Еарбус 320, со цел да им биде попријатен престојот во аеродромските простории и да го скратат времето додека чекаат да одпатуваат до своите планирани дестинации.
Матеоролошкиот институт на Исланд соопшти дека е регистрирано намалување на вуланската активност и дека од кратерот сега излегуваат помали количества на пепел и земјена маса. Височината на чадот што излегува од вулакнот е намален од претходните шест до 11, на пет до осум километри.Ова е досега најголема криза во европскиот авионски сообраќај по нападите во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк