Европа останува приземјена
Дневник, 19.04.2010
Облакот со пепел од исландскиот вулкан Ејафјалајоку, кој ја зафати речиси цела Европа, четврти ден по ред предизвика застој во авиосообраќајот на Стариот континент.
Поради затворањето на воздушниот простор над речиси сите европски држави, десетици илјади патници останаа заглавени на аеродромите во светот. Во Австрија, Белгија, Данска, Ирска и во Холандија, летовите беа забранети до 14 часот попладне, а воздушниот простор над Франција, Германија и северниот дел на Италија беше затворен до 20 часот. Во Скандинавија се откажани сите летови за овој викенд, а во Литванија забраната за летови е воведена на неопределено време. Во Британија, каде што вулканскиот облак е најизразен, централната контрола на летање нареди сите авиони да останат приземјени, најрано до денеска изутрина. Се страхува дека и тој рок ќе биде продолжен, затоа што вулканскиот облак е над Островот и не дава знаци за поместување.Во Русија аеродромите се отворени, но речиси сите летови кон европските земји се откажани, а во Белорусија се дозволени летови само во зоната на височина од седум до 11 километри. Вчера беа делумно затворени и аеродромите во БХ, Словенија, Србија, Романија, Хрватска и Црна Гора. Забраната за летови во воздушниот простор над Чешка се’ уште е во сила.
Авиони на холандската авиокомпанија КЛМ и на германска „Луфтханза“ вчера извршија успешни пробни летови над Западна Европа и по успешното слетување не се откриени никакви штети од облакот од вулканска пепел.Пробниот лет за КЛМ го изврши авион „боинг 737“, кој летал над Холандија на височина од 10 до 13 илјади метри.„Луфтханза“ изврши пробни летови со десет авиони, кои летале од Минхен до Франкфурт на височина од три до осум илјади метри. И двете компании тврдат дека по слетувањата, кај ниту еден авион не се забележани никакви штети и оти ќе побараат дозвола за делумно обновување на воздушниот сообраќај.
Експертите предупредуваат дека вулканската пепел може да ги блокира моторите и да предизвика дефекти во електричниот систем на авионите.Матеоролошкиот институт на Исланд вчера соопшти дека е регистрирано намалување на вуланската активност и дека од кратерот сега излегуваат помали количества пепел. Чадот што излегува од вулканот за разлика од претходните шест до 11, сега достигнува висина пет до осум километри. Засега сме безбедни
Се’ додека пепелот останува во горниот дел од атмосферата, не постои ризик за здравјето на луѓето, тврдат од Министерството за здравство. – Потенцијално влијание врз здравјето може да се почувствува ако облакот го достигне нивото на земјата, што не се очекува според националните, како и според процените на Светската здравствена организација (СЗО) – се вели во соопштението на Министерството.И министерот за животна средина, Неџати Јакупи, тврди оти не се очекува вулканската прашина да има влијание врз климатските промени и врз здравјето на луѓето.
Според процените ниту во европски рамки ниту на национално ниво не е забележано зголемување на концентрациите на цврсти честички со пепел и засега нема потреба од воспоставување посебни препораки за ранливите групи на населението. Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека вулканската прашина се шири на исток и југ од Европа, а вчера облакот со вулканска прашина поминал во крајните северни делови на Македонија, во многу слабо изразена форма.
Во туристичките агенции велат дека во случај на елементарна непогода како оваа, тие не се должни да им обезбедат пари за престој на лицата што веќе купиле авионски карти.- Престој не сме должни да обезбедиме, но затоа им нудиме враќање на парите. Исто така картите може да се заменат за друг ден, откако ќе се смири состојбата – велат од агенциите.
Скопскиот аеродром вчера беше отворен за сообраќај, но затворени беа аеродромите со кои имаме директни линии.- Проблемот е во тоа што се затворени аеродромите во Виена, Љубљана, Будимпешта, кои не можат да ги примат патниците од кај нас. Исто така нема летови од таму и македонските патници од овие и други дестинации не може да се вратат – изјави Алтар Ерсај, претставник на ТАВ Аеродром во Скопје.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк