Министерството за здравство будно ја следи состојбата – Од вулканската пепел не постои ризик за здравјето на луѓето
Вечер, 19.04.2010
Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје информираат дека ја следат состојбата со движење на облаците со пепел од вулканската ерупција во Исланд, кои се наоѓаат над поголем дел од Европа, а во многу слабо изразена форма облакот со вулканска прав ќе мине и над балканскиот регион.
– Се додека пепелта останува во горниот дел од атмосферата, не постои ризик за здравјето на луѓето. Потенцијално влијание врз здравјето може да се почувствува доколку облакот го достигне нивото на земјата.
Досегашните процени говорат дека ниту во европски рамки ниту на национално ниво не е забележано зголемување на концентрациите на цврсти честички со пепел и дека во овој момент нема потреба од воспоставување посебни препораки за ранливите групи на населението – велат од Министерството за здравство. И Агенцијата за цивилновоздухопловство (АЦВ) е во постојан контакт со кризниот штаб на Еуроконтрол, како и со останатите европски метеоролошки служби и давателите на услуги во воздухопловна навигација.
– Во согласност со законските прописи Македонска навигација (М – НАВ) е надлежна да издаде информација до сите авикомпании и аеродроми дека може да дојде до потенцијално загрозување на безбедноста на авиосообраќајот како резултат на појава на вулканска прав – се наведува во соопштението од АЦВ.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк