Најнова состојба со авиосообраќајот во Европа
МРТ, 19.04.2010
Од осум часот по локално време отворен е аеродромот „Арланда“ во Стокхолм. Во меѓувреме отворени се и аеродромите во Гетерборг и Брома. Се уште не е познато колку време ќе биде отворен шведскиот воздушен простор. Аеродромите во бугарските градови Бургас и Пловдив ќе бидат отворени од 10 часто по локално време на околу шест часа. Во моментов работи и аеродромот во Софија, соопшти бугарското Министерство за транспорт, информациски технологии и соопштенија. Словенија времено го отвори воздушниот простор над целата територија во шест часот по локално време, изјави портпаролот на словенечкото Министерство за транспорт Елдина Кнез. Воздушниот простор, меѓутоа, може одново да биде затворен, бидејќи утрово на небото над Словенија се очекува да се појави нов облак од вулканска пепел. Словенија го затвори својот воздушен простор во саботата. Министерството за транспорт ги одобри во неделата попладне летовите над територијата на земјата на височина над 7.500 метри, бидејќи облакот беше растеран од ветрот и дождовите. Австрија го отвори својот воздушен простор.
Одлуката за обновување на летовите беше издадена во пет часот по локално време. Се уште не е јасно дали австрискиот воздушен простор ќе остане отворен преку целиот ден. Многу од летовите остануваат откажани. Во Западна Романија отворени се два аеродроми. Од службата за контрола на воздушниот сообраќај соопштија дека утрово во девет часот по локално време биле отворени аеродромите во Темишвар и Арад. Претходно романскиот премиер Емил Бок соопшти дека воздушниот простор над Романија ќе остане затворен до 12.00 часот по локално време денеска. Воздушниот простор над Велика Британија ќе биде затворен и денеска најмалку до 19 часот, јави телевизијата „Скај Њуз“. На патниците им се препорачува пред да заминат за аеродром да се информираат во авиокомпаниите.
Британскиот министер за транспорт Ендрју Адонис изјави дека се бараат начини за враќање на британските граѓани кои останаа блокирани зад границите на земјата поради проблемите со водушниот сообраќај над Европа кои ги предизвика вулканот на Исланд. Британските власти размислуваат и за употреба на воени и трговски бродови за транспорт на патниците. Од ноќеска на полноќ воздушниот простор над Чешка е отворен за прелетувања на висина од над 7.450 метри. До денеска до 12 часот се уште е во сила забраната за полетувања и слетувања од чешките аеродроми.
Германскиот воздушен простор ќе остане затворен до вечер, до 20 часот по локално време. Одлуката е донесена од безбедносни причини, заради облакот од вулканска пепел од Исланд. Вчера привремено беа отворени аеродромите во Франкфурт, Берлин (Тегел и Шонефелд), Хамбург, Хановер, Ерфурт и Лајпциг. Воздушниот простор над Белгија ќе остане затворен до 20.00 часот по локално време денеска поради облакот од вулканска пепел од Исланд, соопшти белгиското Министерство за транспорт. Претходно забраната за летови беше до осум часот утрово. Меѓународниот аеродром во Брисел е затворен од четвртокот попладне. Според проценки на Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај штетите од загубите на европските авиокомпании се над 147 милиони евра дневно. Генералниот дриректор на аеродромот Никола Тесла во Белград, Велимир Радосављевиќ изјави дека првиот авион кој денеска полетал од тој аеродром бил авион за Атина. Радосављевиќ додаде дека авионот полетал утрото во 7.05 и оти ќе бидат извршувани летови кон дестинации каде е отворен воздушниот простор. Тој најави дека ќе бидат извршени летови кон Црна Гора, два лета за Москва и оти од Виена ќе пристигне авион во текот на денот. Откажани се летови за Амстердам, Париз, Лондон и Дизелдорф. Заради вулканската пепел, која го блокира водушниот сообраќај во речиси цела Европа, и натаму се откажуваат летови од и кон аеродромите во Атина и Солун, соопшти грчкиот интернет сајт Њуз ин.
Само вчера беа откажани 172 летови од и кон атинскиот меѓународен аеродром „Елефтериос Венизелос“ и најмалку 27 летови од и кон солунскиот аеродром „Македонија“. „Олимпик ер“ соопшти дека денеска откажува осум летови од и до Лондон. Брисел, Виена и Амстердам, а „Еџијан“ 20 летови од и кон Лондон, Париз, Милано, Минхен, Дизелдорф, Штутгарт, Франкфурт, Берлин, Белград и Венеција. Сајтот посочува дека до овој момент вулканската пепел не го има зафатено воздушниот простор на Грција, но дека Бугарија, Албанија и Србија веќе го затвориле својот воздушен простор. Заради вулканскиот облак, кипарските авиокомпании ги откажаа сите летови што треба да се извршат утре до европски дестинации, освен летовите до Грција, јавија кипарските медиуми. Откажани се вкупно 14 летови за и од Москва, Цирих, Амстердам, Манчестер, Париз, Франкфурт и Лондон. Засега од Островот се извршуваат летови на кипарските авиокомпании до и од Атина, Солун, Ираклион и островот Родос како и летови до дестинации во Блискиот исток.
Експертите прогнозираат дека европскиот воздушен простор ќе остане затворен уште неколку дена, забележува германскиот весник „Ди Велт“. Од друга страна, многу авиокомпании вршат притисок врз своите влади и Европската комисија, бидејќи сметаат дека рокот за затворањето е премногу долг. Министрите за транспорт на земјите членки на ЕУ имаат намера денеска да учествуваат на видеоконференција за да расправаат за последиците од облакот пепел од исландскиот вулкан и евентуалните алтернативи за воздушниот сообраќај.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк