Дневник, 19.04.2010

 

Српската влада реши да крене раце од својата национална авиокомпанија ЈАТ ервејс и да ја остави да пропадне, а ќе формира нов авиопревозник, кој најверојатно ќе се вика „Србија ер“.Српскиот премиер Мирко Цветковиќ изјави дека забрзано се бара решение за конечната судбина на националната авиокомпанија, пренесува хрватскиот „Пословни дневник“.Се очекува новата авиокомпанија од ЈАТ да ги преземе пазарот, пилотите и потребниот број од останатиот персонал, како и дел од дестинациите, со што „Србија ер“ ќе има добар почеток, а долговите од 146 милиони евра ќе му останат на ЈАТ.Според гласилата, се очекува стратегиски инвеститор во новата српска авиокомпанија да инвестира 300 милиони евра. Основањето на нова авиокомпанија се доведува во врска со преговорите со турскиот авиопревозник Туркиш ерлајнс. Турците имаат амбиција да станат водечка авиокомпанија на Балканот и затоа се заинтересирани за преземање на ЈАТ, но не и на вишокот вработени и на долговите.