Авикомпании користат „дупка“ во законот за да ги обноват летовите
МРТ, 20.04.2010
Германската служба за контрола на воздушниот сообраќај ја продолжи забраната за летови до 12 часот по Гринич денеска, но авиокомпаниите користат „задна врата“ во законот и ја заобиколуваат забраната. Двете најголеми германски компании „Луфтханза“ и „Ер Берлин“ почнаа летови без целосна поддршка на системите за контрола од копно. „Ер Берлин“ вчера и за време на викендот извршил 104 летови при т.н. правила за визуелни летови – процедура, која е дозволена само преку ден, и во принцип се применува само за помали авиони. „Луфтханза“ исто така објави дека 50 нејзини авиони полетале со вкупно 15.000 патници по прекуокеански линии. Во случајот со „Ер Берлин“ патничките авиони на компанијата летале на височина од 3.000 метри, следејќи визуелно присуство на други авиони. Во принцип, големите патнички авиони се насочуваат од оператори во центрите за контрола на летање, кои носат одговорност за избегнување на судири во воздухот. Според дел од германските медиуми, властите во Берлин го дозволиле тој тип летови. Од можноста да се користат визуелни правила за летови се користи и холандската компанија КЛМ. Синоќа три нејзини авиони полетаа пред зајдисонце од Амстердам за Њујорк, Каиро и Дубаи. Во меѓувреме, Европската унија одлучи да го продолжи рокот на Шенген визите за кус престој на луѓето, кои не успеаја да напуштат Европа поради затворањето на воздушниот простор, објави еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малстром. – Еврокомисијата им препорачува на земјите-членки на ЕУ да направат сепцијални исклучоци во областа на визното законодавство поради создадената вонредна состојба, се вели во соопштението на Малстром. Европската комисија предлага кусорочните шенген визи чиј рок истекол на 15 април, „да бидат продолжени автоматски до нормализирањето на воздушното движење, без да биде неопходно да се дава специјална молба за продолжување“.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк