Дневник, 20.04.2010

 

Авиосообраќајот од Македонија кон Европа денеска е речиси нормализиран, но дел од облакот со вулканска прашина доцна вечерва се очекува да стигне и над Македонија. Ќе биде зафатена северна и северозападна Македонија, но иако прашината нема да биде со голема густина засега е тешко да се процени дали утре тоа ќе предизвика проблеми во авиосообраќајот. – лакот од прашина би требало да стигне во земјава доцна вечерва, а според сегашните проценки ќе биде присутен до утре претпладне. Правот нема да биде густ, бидејќи главната маса се наоѓа во северните делови на Европа“ – изјави Панче Трајановски од УХМРИ покрај слична прашина во поголем дел од Европа, од Скопје денеска не полета само авионот за Цирих. Низ остатокот на континентот ситуацијата е различна и се менува секои неколку часа, но е многу подобра за разлика од вчера кога се реализираа само 30% од планираните летови. Според Еуроконтрол, постепено се отвораат аеродромите низ цела Европа. – „Ситуацијата од утрово е дека ќе полетаат околу 50 проценти од планираните летови. Постепено се отвараат аеродромите низ цела Европа во согласност со одлуките донесени во последните неколку дена“. Последните извештаи говорат дека вулканот во Исланд почнал да испушта се повеќе лава наместо прашина- што значи дека влегува во втората фаза од својата ерупција. Со последниот развој на настаните во наредните денови би требало да има помалку прашина, што дава надеж за скоро нормализирање на авиосообраќајот над Европа.