МРТ, 20.04.2010

 

Облакот од пепел кој настана при ерупцијата на исландскиот вулкан вчера дојде до канадскиот источен брег и тамошните авиопревозниците изјавија дека до откажување на домашните летови во Канада дошло токму поради маглата.

Канадската агенција за животна средина и метеорологија Енвиронмент Канада рече дека очекува проблеми во домашниот сообраќај поради облакот кој ги затвори европските аеродроми. „Облакот од пепел е многу распрскан, се движи споро и не би требало да влијае на канадските аеродроми“ изјави портпаролката Лаура Камингс.

Британската национална метеоролошка служба Мет Офис е одговорна за следењето на облаците пепел според меѓународните договори, а метеорологот на Мет Офис, Боб Сиврета изјави дека не е веројатно дека облакот ќе се симне подлабоко во Северна Америка.