Состојба на европските аеродроми
А1, 20.04.2010
Шести ден по ред голем број аеродроми се затворени заради густиот облак од пепел од вулкан во Исланд. Состојба во 6:25 по Гринич. Австрија – Воздушното пространство отворено од 3:00 по Гринич во понеделникот.Белгија – Воздушното пространство затворено до денеска до 6:00. Можно е давање дозвола за авиони да слетуваат од 12 часот по Гринич и некои да полетаат.БиХ – Аеродромите се отворени.Велика Британија – Постепено отворање на воздушното пространство од 6:00 по Гринич. Бритиш Ервејз ги откажа сите летови. Бугарија – Воздушното пространство и аеродромите се отворени. Чешка – Воздушното пространство и аеродромите се отворени од вчера. Данска – Воздушното пространство отворено за летови над 10.800 метри. Естонија – Воздушното пространство затворено од 7:00 до 12:00 по Гринич. Финска – Воздушното пространство затворено до 15:00 по Гринич денеска. Франција – Планирано постепено отворање на аеродромите и ослободување на коридорите за летови од 6:00 по Гринич. Германија – Воздушното пространство е затворено со некои исклучоци до 12:00 денеска по Гринич. Унгарија – Затворено воздушното пространство во западниот дел под 6.000 метри. Ирска – Воздушното пространство ќе биде затворено до 12:00 денеска по Гринич. Италија – Воздушното пространство требаше да биде отворено одново во 6:00 по Гринич.Луксембург – Воздушното пространство беше затворено до вчера. Црна Гора – Отворени се аеродромите.Холандија – Аеродромот во Амстердам е отворен од вчера во 18:00 по Гринич. Норвешка – Воздушниот сообраќај се одвива нормално во поголем дел од државата вклучително и од аеродромот во Осло.Полска – Од утрото повторно е затворено воздушното пространство.Романија – Воздушното пространство одново е затворено.Русија – Сите аеродроми се отворени. Србија – Аеродромите се отворени.Словачка – Источното воздушно пространство е отворено како и во останатиот дел од државата за летови над 7.500 метри. Аеродромот во Братислава е затворен. Словенија – Вчера беше времено отворено воздушното пространство, но утрово објави дека се очекува нов облак и веројатно пак ќе го затвори денеска воздушното пространство.Шпанија – 17 аеродроми се отворени.Турција – Сите аеродроми се отворени.Швајцарија – Службите за цивилна авијација одлучија денеска да го отворат националното воздушно пространство од 6:00 по Гринич по четири успешни тест-летови.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк