МРТ, 21.04.2010

 

Претседателот на Меѓународната организација за цивилна авијација Роберто Гонзалес изјави во Њујорк дека веќе е безбедно да се лета за Европа, откако властите почнаа да ги укинуваат ограничувањата за летовите. Европскиот воздушен простор почна постепено да се отвора за летови по неколкудневниот прекин поради ерупцијата на вулканот во Исланд. – Тоа значи дека сега е безбедно, рече Гонзалес во Њујорк по средбата со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун. – Никој нема да лета ако постои опасност, додаде тој.