Алфа ТВ, 21.04.2010

 

Вулканската пепел утринава стигна над Македонија, но таа е со мала густина и не претставува никаква опасност, соопштува УХМР. И покрај тоа што дел од облакот од вулканот во Исланд ќе ги покрива севернозападните делови од земјава до 18 часот, Македонија била во т.н. зелена зона. За прв пат по неколку дена, доколку нема нагли промени, од скопскиот аеродром треба да полетаат сите планирани летови. Без задоцнување веќе се остварија летовите за Виена, Цирих, Будимпешта, Белград и Подгорица.