ЕК-Авиокомпаниите ги кршат правата на патниците
МРТ, 22.04.2010
Сите авиокомпании и во време на хаосот над европското небо предизвикан од вулканскиот облак од Исланд мора доследно да ги почитуваат правата на патниците, предупреди денеска Европската комисија и изрази загриженост од бројните информации за нивно кршење.
Секој патник и покрај вонредните околности, согласно европското законодавство, има право на три работи – информации за своите права, развојот на настаните, откажување на летот и доцнењето, потоа има право за соодветно згрижување, што подразбира храна и сместување, како и право на враќање на парите за авионскиот билет или обезбедување на алтернативен пат до крајната дестинација.
Поради вонредните околности, патниците немаат право само на дополнителни финансиски средства, кои можат да ги добијат, доколку летот доцни или е откажан по вина на авиокомпанијата. Еврокомесарот за сообраќај Сим Калас изрази загриженост поради информации за проблемите на патниците при враќањето на пари за билетите или при згрижувањето. Тој смета дека при доделувањето на државна помош на авиокомпаниите заради загубите предизвикани од вулканскиот облак, треба да се земе предвид почитувањето на правата на патниците.
Според последните податоци денеска нормално се одвива 80 отсто од авиосообраќајот во Европската унија.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк