Ќе се изведат сите летови во цела Европа
А1, 22.04.2010
Воздушниот сообраќај во Европа денеска практично ќе биде целосно воспоставен, соопшти синоќа Европската агенција за контрола на воздушниот простор – Евроконтрол. За четврток се предвидува да се извршат практично 100 проценти од летовите над Европа, се подвлекува во коминикето на Евроконтрол. „Сите 338 трансатлантски летови ќе бидат извршени според распоредот“.
Во соопштението на Евроконтрол, исто така, се забележува дека денеска целиот воздушен простор над Европа „ќе биде отворен на височина над 20.000 фита (6.000 метри). Под оваа височина остануваат затворени некои зони над Финска и северна Шкотска. Во европскиот воздушен простор вчера беа извршени 22,5 илјади летови (приближно 80 отсто) од предвидените 28.500.
Вкупните загуби на авиокомпаниите надминуваат две милијарди долари и превозниците се обидуваат да превезат уште стотици илјади патници, кои останаа по аеродромите во последната недела заради блокирањето на воздушниот сообраќај во Европа, предизвикан од облаците пепел од еруптираниот вулкан во Исланд, забележуваат агенциите.
Цивилните авијациски власти, вчера, ја бранеа одлуката за приземјувањето на авионите и за затворање на воздушниот простор, на ехото за засилените критики на раководствата на воздушните превозници дека оваа одлука била донесена врз основа на некоректни податоци или непотврдени стравувања. Генералниот директор на Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА) Џовани Бизињани вчера изјави дека 29 проценти од светската цивилна авијација и 1,2 милион патници на ден биле зафатени од затворањето на воздушните простори, за што се согласија владите, пред се, заради опасноста за авионите од облакот со вулканска пепел. „Авиокомпаниите пресметале загуби од 2,2 милијарди долари“, дополни Бизињани. Тој ги повика европските влади да им ги компензираат загубите на авиокомпаниите, како што направи Вашингтон по терористичките напади од 11 септември 2001 година.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк