Алфа ТВ, 23.04.2010

 

Се нормализира воздушниот сообраќај во Европа, но десетици илјади патници се уште се блокирани на различни аеродроми. Авиокомпаниите ги пресметуваат загубите, јавуваат француски медиуми.За првпат денеска ќе биде затворен аеродромот во Рејкјавик. Досега облакот со вулканска пепел се распространуваше кон исток, но без да биде засегнат главниот град на Исланд, кој се наоѓа во југозападниот дел од островот.

Се очекува денеска воздушнито сообраќај во Европа да биде нормализиран со 28.000-29.000 летови според Евроконтрол. Многу малку летови ќе бидат откажани денеска заради ограничувања во скандинавски држави.Десетици илјади патници се блокирани далеку од местата каде тргнале поради недоволен број летови.

Во Варшава патниците продолжуваат да користат автобуси за меѓунардони релации, како единствен начин да стигнат до европските главни градови.Од аеродромот во Мексико, Ер Франс се надева оти ќе успее до утре да превезе повеќе од 300 патници кои чекаат лет до Париз или други европски дестинации.

Европската комисија вчера соопшти дека сите авиокомпании кои извршуваат летови од ЕУ, се должни да ги почитуваат правата на патниците.Проценките на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт за загубите на авиокомпаниите се 1,7 милијарди долари.