Алфа ТВ, 25.04.2010

 

Авиокомпаниите во Британија бараат доброволци кои ќе ги откажат своите летови во корист на илјадниците луѓе што се наоѓаат блокирани на аеродромите.”British Airways” и останатите авиокомпании, побара од патниците што купиле билети за долги летови до втори мај да им дадат предност на патниците што останаа на аеродромите.Британскиот воздушен простор беше повторно отворен за летови во вторникот по речиси еднонеделна забрана за летови. Сите авиокомпании преземаат различни мерки за справување со проблемот за нормализирање на авио-сообраќајот.