Кој кому фрла прав в очи? – Вулканскиот облак не ни постоел!
Вечер, 26.04.2010
Според “Дејли мејл”, метеоавионот кој требал да ги провери овие податоци, цело време бил на бојосување, па полетал кога забраната е укината Сателитските снимки покажуваат дека забраната за летање во Велика Британија била “лажна трегова” и оти облакот со вулканска пепел не се наоѓал на целата територија на оваа земја, а таму како што постоел бил толку разреден што не претставувал никаква опасност, пишува британскиот весник “Дејли мејл”.
Максималната густина на пепелта, додава весникот, изнесувала само пет проценти од густината која научниците, владите и произведувачите на авиони и мотори ја одредија како критична. Британската Национална служба за контрола на авиосообраќајот одлуката за забраната на летовите ја засновала врз компјутерските модели на Националната метеоролошка служба, според кои облакот од пепел се движел јужно од исландскиот вулкан Ејафјалајокул.
Овие сознанија требало да ги тестира главниот авион на метеоролошките служби за собирање податоци, но тој успеа да полета дури во вторникот, кога забраната е укината, бидејќи дотогаш бил во хангарот заради бојосување, додава весникот. “Дејли мејл” истакнува и дека директорот на британската авиокомпанија “Бритиш ервејс” упорно тврдел дека целосната забрана на летањето е претерана мерка.
Овие податоци сега ќе ги искористат авиокомпаниите кои од Владата ќе побараат надомест за милионските загуби, нагласувајќи дека поради кризата во авиосообраќајот, во странство се уште се наоѓаат околу 35 илјади Британци.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк