Дневник, 28.04.2010

 

Македонија и Катар вчера потпишаа Спогодба за редовен воздушен сообраќај меѓу двете земји, соопшти Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Со спогодбата се создаваат услови една од најдобрите светски авиокомпании, „Катар ер“, да оперира со редовните авиолинии до Македонија.

Договорот во Доха го потпишаа директорите на агенциите за цивилно воздухопловство на Македонија и на Катар, Зоран Крстевски и Ибрахим Абдул.