Течности во авион од 2013 година
Дневник, 03.05.2010
Патниците во европските авиони ќе можат да внесуваат шишиња со вода, спрејови и гелови од април 2013 година кога генералната забрана за внесување течности ќе биде заменета со подобра скрининг-технологија.
Европската комисија соопшти дека услов за укинување на актуелната забрана е во наредните три години на аеродромите во ЕУ да се инсталира нова технологија која ќе може да детектира течни експлозиви. Моментално во авионите е дозволено внесување пијалаци, гелови, пасти, лосиони и спрејови во шишиња помали од 100 милилитри, ако се спакувани во проѕирни најлон кеси.
Но, многу патници се’ уште се фрустрирани кога мораат да фрлаат скапи парфеми и течности за контакти леќи, на пример, ако се во поголемо пакување. Актуелните правила за купување во фри-шоповите пред полетување исто така се збунувачки, особено за оние кои патуваат во и надвор од Европа. На некои патници подароците и скапите алкохолни пијалаци им се конфискуваат, и покрај уверувањата од продавачите дека тоа нема да се случи.
Од наредната година течностите купени во фри-шоп надвор од ЕУ или во авионите од земји што не се членки на Унијата ќе можат да се носат во рачниот багаж, а другите мерки предвидуваат укинување на двојните контролни пунктови во ЕУ со што ќе се поедностават и хармонизираат процедурите и ќе се обезбедат минимални стандарди за безбедносен тренинг на авио-персоналот.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк