04.05.2010

 

Беспилотно летало околу 7 часот и 55 минути се урна кај обиколницата во населбата Бутел.Според изјави на граѓани, леталото се запалило, изгубило контрола и удрило на земја предизвикувајќи силна експлозија.

Се уште нема официјални информации на кого му припаѓа беспилотното летало.Информации нема ниту контролата за летање, но сигурно е дека не полетало од спортскиот аеродром во Скопје.Од АРМ велат дека леталото не е нивно, а од МВР проверуваат.

Беспилотното летало, според неофицијални извори, се урнало на враќање од мисија за надгледување на теренот.Екипите од војската и полицијата се на терен. Не е познато дали леталото при падот предизвикало жртви или материјална штета.