Алфа ТВ, 04.05.2010

 

Европската агенција за воздушен сообраќај Еуроконтрол соопшти денеска дека очекува авиосообраќајот да биде речиси во нормални граници, наспроти затворањето над небото над Ирска и западните делови над Шкотска поради новиот ризик од вулканскиот пепел од Исланд.Денешните летови ќе бидат „повеќе или помалку“ во границите на нормалата, наспроти помалите проблеми, изјави денеска претставник на Еуроконтрол.

Аеродромите се затворени во Ирска и Северна Ирска во периодот од седум до 13 часот по локално време. Поради тоа над 200 авиони привремено се приземјени и откажани се летовите на авиокомпанијата „Ер Лингус“ и „Рајанер“.Затворени се големите аеродроми во Белфаст и Дери и движењето на пониски висини, додека меѓународните авиокоридори на поголеми висини остануваат отворени бидејќи се безбедни за прелети, истакнуваат експертите.

Експертите соопштија дека и натаму прецизно ќе го следат движењето на зголемената концентрација на вулкански пепел во атмосферата.