Нетпрес, 04.05.2010

 

Властите од Ирска и Британија вовеле забрана за летање откако во атмосферата се појавил нов облак со пепел од Исланд.

Имено, една количина од пепел од исландскиот вулкан ветерот ја однел кон југ. Поради ова ирската контрола на летање соопштила дека во вторник наутро ќе ги забрани сите летови од Ирска.

Во исто време ќе бидат суспендирани сите слетувања на авиони, јавува Би-Би-Си. Метеоролошкиот завод на Исланд соопштил дека новите забрани за летање е резултат на промена на правецот на ветерот и малку поголема концентрација на вулкански пепел во воздухот.