Нетпрес, 04.05.2010

 

Авио компаниите од САД “Јунајтед“ и “Континентал“ се споиле во рамките на договорот вреден три милијарди долари. Со него тие стануваат најголем воздушен превозник во светот.

Новото име на фирмата е “Јунајтед Ерлајнс“. Новата компанија ќе располага со речиси 700 авиони, ќе има 88.000 вработени и ќе лета на 370 дестинации во светот.

Се предвидува да има годишна заработка помеѓу милијарда и 1,2 милијарди долари благодарејќи на укинување на двојните работни места и операции, пренесуваат американските медиуми.