МРТ, 10.05.2010

 

Босанската национална авиокомпанија „БиХ ерлајнс“ соопшти дека од 17 мај за прв пат ќе воведе редовна авионска линија на релацијата Сараево-Белград-Сараево. Авионите од типот „ATR 72“, кои имаат капацитет од 66 седишта, секој ден освен сабота ќе летаат на релацијата Сараево-Белград-Сараево. Босанската компанија планира на патниците од Белград да им овозможи преку сараевскиот аеродром конекција кон повеќе европски аеродроми.