Алфа ТВ, 11.05.2010

 

Патнички авион на авионската компанија „Рајан Ер“, што леташе на линијата за лондонскиот аеродром Станстед, утрово од безбедносни причини принудно се спушти на аеродромот во Белфаст.

Претставник на компанијата објасни дека авионот скршнал од предвидениот лет и непредвидено се спуштил во северноирскиот главен град, откако членовите на неговиот екипаж забележале „сомнителна миризба“ на киселина.Во вакви услови се применува стандардната процедура, па беше наредено враќање на авионот и негово приземјување, изјави претставикот на „Рајан Ер“.

Авионот безбедно се спуштил во Белфаст и веднаш е почната истрагата, што треба да утврди која е причината за појавата на непријатната миризба.Во моментот на инцидентот, во авионот имало 154 патници.