МИА, 14.05.2010

 

Француско-турски конзорциум доби на тендер право за реализација на договор вреден 126 милиони долари во следните 20 години да преземе управуавње со аеродромот во Приштина. Според договорот, конзорциумот ќе гради нов терминал на аеродромот во Приштина. Други понудувачи беа турско-германската група Фрапорт-ИЦТАС и меѓународниот конзорциум Буиг Батиман-Егис-ПАИЦ. Приштинскиот аеродром низ кој годишно минуват 1,2 милиони патници, остварува профит од околу 14 милиони долари.