МИА, 15.05.2010

 

Главниот аеродром во главниот град на Исланд, Кефлавик-Рејкјавик, е затворен денеска пет часа порано од она што беше предвидено поради пепелта која ја исфрлува вулканот Ејафјалајокул, што тоа доведе до блокада на повеќе меѓународни летови, соопштија воздухопловните власти на земјата.

Уште два меѓународни аеродроми на Исланд – Акурејри и Егистадир исто така денеска затворени и од нив немаше полетувања ниту слетувања на авиони. Од аеродромот Кефлавик вчера беше соопштено дека тој меѓународен аеродром ќе биде затворен од денеска во седум часот по европско време до полноќ поради пепелта од вулканот Еијафјалајокул, што од престолнината е оддалечен 150 километри.

Меѓутоа, ситуацијата се влоши порано отколку што беше предвидено, поради ветрот кој дуваше кон запад, па повеќе летови се откажани од Кефлавик, појасни портпаролката на аеродромот. Ерупцијата на вулакнот продолжи и денеска, а исфрлената пепел стигна до Селфос, 50 километри оддалечен од Рејкјавик.