МИА, 15.05.2010

 

Авион на летонската авиокомпанија „Ер Балтик“ слета во вонредни околности на берлинскиот аеродром „Тегел“, поради добиената телефонска закана за поставена бомба во леталото, соопшти попладнево германската полиција.

Веднаш по слетувањето, сите 74 патници и членови на екипажот на „Фокерот 100“ се евакуирани од леталото и пренесени во аеродромската зграда. Заканата за поставена бомба била добиена додека авионот се наоѓал во воздух на редовниот лет од Рига до Берлин.

Во средата германската полиција на аеродромот „Тигел“ уапси две лица поради сомнеж дека планираат да киднапираат авион на реалцијата Берлин-Москва. Приведрните беа ослободени откако беше утврдено дека станува збор за пилоти на руска авикомпанија.