Алфа ТВ, 16.05.2010

 

Неколку аеродроми беа затворени денеска во западниот дел од Ирска како и во Северна Ирска и на островот Ман, заради облак со вулканска пепел од исландскиот вулкан Ејафјатлајокулт. Аеродромите во Слиго, Донегал и Кнок во западниот дел од Ирска се затворени.

Работата аеродромите во Даблин и Шанан. Ќе бидат отворени во 12 часот по Гринич.Од британската Служба за контрола на летови соопштија дека густ облак од вулканска пепел брзо се распространува над Северна Ирска и островот Ман.

Британското Министерство за транспорт вчера предупреди дека воздушното пространство може делумно да биде затворено од денеска заради новиот облак вулканска пепел. Мерката може да се однесува за југоисточниот дел од државата каде е и аеродромот Хитроу.