Алфа ТВ, 16.05.2010

 

Мал авион од марката Антолов во сопственост на авиокомпанија на Суринам се сруши вчера во изолирано место на внатрешноста на земјата.

Во авионот имало два членови на екипажот и шест патници.Авионот се срушил непосредно по полетувањето од аеродромот Годо Оло во источен Суринам. Официјалните лица сеуште не можат да кажат што ја предизвикало несреќата.

Се верува дека патниците е екипажот се загинати, но спасувачите се обидуваат со бродови и хеликоптери да стигнат до местото на несреќата.Потрагата е отежната поради лошите временски услови.